Архитектонската компанија OMA е победник на меѓународниот конкурс за дизајн на новата Палата на правдата (Palais de justice), во Лил, Франција. Објектот кој ќе биде седиште на градскиот и регионалниот суд, ќе има колоритен и експресивен облик. Тимот од проектанти развиле интересен концепт на зграда со „повеќе лица“ интегрирајќи различни елементи од минатото и сегашноста на градот. Се работи се три градбени јадра кои го чинат комплексот, а кои се уникатно разработени по однос на форма и материјали. Целиот простор е замислен како интегрална целина со што помалку бариери, со намера да се разбијат стереотипите за затвореноста и поделеноста на еден типичен објект со ваква намена. Инаку, OMA има солидна соработка со градот Лил, со оглед дека во 1989 го проектирале мастер планот еден од неговите дистрикти, додека во 1994 потпишале авторство за проектот за Congrexpo (конгресен и изложбен центар). Палатата на правдата се очекува да биде коплетно завршена во 2023.