Познатото архитектонско студио на архитектот Рем Колхас, ОМА, свечено го отвори музејот за современа уметност во Москва. Музејот е во сопственост на руската бизнисменка Dasha Zhukova и претставува простор во кој ќе се изложи целата колекција што ја поседува.
Објектот е на два ката, а во него се зачувани оригинални мозаици, декоративни плочки и тули од неговото претхoдно функционирање пред 20 години. Целата фасада е изработена од двослоен поликарбонат кој се обвиткува околу бетонската структура на претходно постоечкиот ресторан „Vremenska Goda“.