Марина Абрамовиќ, уметник од Белград со 30 години пракса во Њујорк, го избра холандското ателје ОМА за реконструкција на нејзиниот поранешен театар во рамките на институтот за заштита на експерименталните уметности и театар, кои стојат под нејзино име. Оригиналната зграда е сместена во Hudson, New York, и служела како центар на движењето Hudson School. Со текот на времето била трансформирана во сала за тенис, магацин за старини и пазар.
Во 2007 година Марина ја купила зградата што била во распаѓање, со намера да ја претвори во центар за наука, технологија и образование, како и простор за работилници, предавања и фестивали. Објектот е планиран да го задржи изгледот така што повеќето од промените би се случувале во внатрешноста. Предвидена е една голема сала која ќе стане интегрален елемент за домување и разни културни активности. Визуелно поврзаните библиотеки, канцеларии како и салите за предавања ќе бидат сместени околу салата.