Насловна / Вести / Oliver Stone направи филм во кој ја пропагира нуклеарната енергија како решение за климатската криза

Oliver Stone направи филм во кој ја пропагира нуклеарната енергија како решение за климатската криза

Новиот документарен филм на оскаровецот Oliver Stone, Nuclear Now, тврди дека нуклеарната енергија е нужно и очигледно решение  за климатските промени. Лилмот имал посебна проекција на Светскиот економски форум во Давос, а минатиот викенд започна да се прикажува во кината во Њујорк и Лос Анџелес. Производството на електрична енергија во нуклеарните електрани не генерира никакви емисии на стакленички гасови и затоа е вредно за сериозна анализа, констатира филмот, бидејќи антропогените климатски промени предизвикани од прекумерните емисии на стакленички гасови стануваат се поизразени.

stone1

stone2

Во филмот, Stone презентира дека корисниот потенцијал на нуклеарната енергија не е достигнат бидејќи општеството го поистоветува својот колективен страв од нуклеарна бомба со нуклеарната енергија. Stone вели дека целта на неговиот документарец е да ги пренесе размерите на побарувачката на енергија и да илустрира како секторот за производство на електрична енергија може сериозно да влијае врз ублажувањето на климатските промени.

stone3

 

Испрати коментар

Scroll To Top