Насловна / Архитектура / Олимписките игри би можеле да се одржат и на пловечки платформи?

Олимписките игри би можеле да се одржат и на пловечки платформи?

Проектот се однесува на проблемот на одржување на спортските настани за време на Олимписките игри во Париз во 2024 година, кој е еден од градовите кандидати.

Архитектонскaта фирма ANSKA презеде на себе задача да осмисли алтернативно решение за одржување на спортските настани.олимпијада во париз 20124 (5)

Бидејќи организацијата на Игрите е извонредно скап спорт, пред се поради изградбата на нови објекти, архитектите од бирото дизајнирале подвижни платформи кои би биле поставени на водни површини, со што скапоценото земјиште во Париз нема да биде зафатено.олимпијада во париз 20124 (4)

Откако Игрите ќе завршат, овие модуларни платформи може да се демонтираат и да се однесат на друга локација.

Ова решение има и други некои предности: акцентот се става на водните површини, кои се магнет за туристите. Пловечките платформи би се инсталирале на реката Сена но, исто така, би биле поставени и во париските предградија, индустриските зони и на други места каде што има вода, пишува ArchDaily.олимпијада во париз 20124 (3)

На различни места би се организирале разни програми за време на Олимписките игри. Едни би биле сцени за спортски настани или мини-концерти, а други би служеле како простори за поставување на инфо центри и времени изложби.олимпијада во париз 20124 (1)

Во зависност од ширината на реката, некои од местата би биле одвоени од брегот и би изгледале како мали острови.

За време на 130. Меѓународно заседание на Олимписката комисија во Лима, кое ќе се одржи на 13 септември 2017 година, ќе биде одлучено во кој град ќе се одржат Олимписките игри во 2024 година. Освен Париз, кандидати се Лос Анџелес и Будимпешта. Ако Париз победи, најверојатно ќе бидеме во можност да ги видиме овие интересни пловечки платформи во реализирана форма.олимпијада во париз 20124 (2)

Испрати коментар

Scroll To Top