Насловна / Арт и дизајн / Олга Јанчиќ родена во Битола една од најпознатите жени скулпторки

Олга Јанчиќ родена во Битола една од најпознатите жени скулпторки

Олга Јанчиќ е една од најистакнатите претставници на југословенската модерна уметност, која веднаш по Втората светска војна, со генерација свои колеги, започнала со еманципаторски практики во југословенската скулптура, оттргнувајќи се од академизмот и фигурацијата, освојувајќи нови простори на модернистичкиот јазик на скулптурата во склад со светските тенденции од педесеттите и шеесетите години.

Олга Јанчиќ (Битола, 1. февруари 1929 — Белград, 26. октомври 2012) е една од најпознатите жени скулпторки, која оставила голем траг во вајарството во регионот.

Во 1930 година, Олга Јанчиќ со родителите дошла во Белград, каде што завршила основно училиште и гимназија. Во 1945 година запишува Академијата за ликовни уметности во Белград кај професорите Лојз Долинар и Тома Росандиќ.По завршувањето на студиите, од 1950 до 1954 година, специјализирала во мајсторската работилница на Тома Росандиќ, кој имал слух за барањата на новото време, поттикнувајќи ги своите студенти на ослободен јазик на скулптурата во кој формата, а не содржината ќе стане примарен носител на значењето и зрачењето на скулптурата.

Глава

За време на школувањето кај Росандиќ, патува по Јадранот, престојува во Париз еден месец, потоа во Грција, а на крајот на 1954 година го посетуваат биеналето во Венеција. Еден од најзначајните настани во творештвото на младата Јанчиќ е средбата со изложбата на делата на Хенри Мур во март 1955 година во павилјонот „Цвијета Зузориќ“ во Белград. По тој повод Јанчиќ се среќава со Мур и тоа ќе биде основа за идните исклучително важни средби. Покрај Мур, Јанчиќ ќе ја нагласувала важноста на Ханс Арп и Константин Бранкуши во нејзината идна скулпторска пракса.

Љубов на облици

Од 1948 година учествува на бројни колективни изложби во Југославија и странство. Првата самостојна изложба ја одржала во 1959 година во Белград.

Во 1957 година учествувала на изложбата на современа српска скулптура, галерија УЛУС, Белград.

Мајчинство

Таа е еден од основачите на групата „Простор 8“ во 1957 година.

Изложувала како дел од југословенскиот павилјон на Светската изложба во Брисел во 1958 година и е еден од десетте уметници кои изложувале на првиот Октомвриски салон во 1960 година.

Медаљон

Кон крајот на 1956 година, Олга Јанчиќ го започнала патот на целосно личен израз во скулптурата, создавајќи ги делата Бременити форми, Машко торзо и други скулптури. Оттогаш како омилени материјали избира бронза, алуминиум, камен (поретко мермер), оникс, дрво, гипс и во нив создава скулптури со средна големина, целосно предавајќи се на иманентните карактеристики на материјалот и силата и енергијата што материјалите ја носат во себе.

Осамена

Во исто време, таа рано станува претставник на т.н органски скулптури во Југославија, инсистирајќи на чиста, едноставна, витална форма на архетипска симболика. Олга Јанчиќ знаела дека со своето дело сака да го долови вечното во невидливата суштина на феноменот како што е животот, неговиот мистериозен почеток, растење, процут и сите грчевити стадиуми низ кои поминува до неговиот исто така мистериозен крај. Таа на уникатен начин успеала да ја преточи човечката фигура во чиста пластичност.

Во 1993 година, на градот Белград му предала легат од деведесет скулптури, кои сега се чуваат во Домот на легатите.

Трином

Ртење

Испрати коментар

Scroll To Top