Вистинско богатство од напуштени, но и прилично уништени автомобили од периодот пред Втората светска војна, се пронајдени во еден мал каменолом во руралниот дел на централна Франција.
Најверојатно, автомобилите биле сокриени на почетокот на војната, со цел сопствениците да ги сочуваат од евентуално одземање, но до денес никој не дошол по нив, пишува британски Телеграф.
Автомобилите ги фотографирал белгискиот наставник и истражувач Винсент Мишел. „Глетката беше неверојатна. Како да се вративме 70 години наназад“, вели тој за ова несекојдневно доживување.