Насловна / Вести / Оланд вети една милијарда долари за справување со климатските промени

Оланд вети една милијарда долари за справување со климатските промени

UN-Climate-Summit-France
Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека Франција ќе донира една милијарда долари во речиси празниот свтески фонд, кој им помага на сиромашни држави да се адаптираат при климатските промени.

Во говор во Њујорк за климатските промени Оланд увери дека во следните неколку години државата ќе обезбеди за Фондот една милијарда долари.

– Треба да направиме се што е неопходно за да може да се ограничи зголемувањето на просечната температура на планетата под два степена целзиусови, изјави Оланд.

Тој предупреди дека климатските промени се закана за мирот и стабилноста во светот повеќе отколку војните.

Досега само германската канцеларка Ангела Меркел вети една милијарда долари за Фондот. Таа најави средства за Фондот во јули. На земјите во развој годинава им се потребни 15 милијарди долари за да се справат со климатските промени и ефектот на стаклена градина. 

Испрати коментар

Scroll To Top