Насловна / Екологија / Октобер фест – органски колбаси и био пиво

Октобер фест – органски колбаси и био пиво

Oktoberfest (1)

Шестнаесет дена на прекумерно забавување на најголемата народна фешта во светот . Може ли таква прекумерна веселба да помине без загадување на околината? Тешко, но, сепак е можно. Минхенскиот Октоберфест доби статус на „зелен“ настан од големи димензии, а во 1997 година доби „Оскар за заштита на околината“. Но, малкумина го знаат тоа.

Угостителскиот објект Шихтл нуди, на пример, само органски одгледувано месо од фирмата Хермансдорфер, еден угледен рурален еколошки одгледувач од таа област. „Био-квалитетот кај месото е особено битен и затоа луѓето специјално доаѓаат кај нас“, вели Кони Берке, директор на овој угостителски објект.Без оглед на тоа во кој шатор за пиво ќе влезе човек, ќе добие пиво со германски одредби за чистотата на пивото, кое не е направено од генетски модифицирани житни култури и кое се сервира во стаклени или порцелански кригли. Тоа е само по себе разбирливо за сите пиварници.Наместо хартиени чинии веќе одамна се користат порцелански. На тој начин количината на отпадот во шаторите се намали за речиси 90 отсто. Порано се генерирале  8.100 тони отпад, а во 2014 година само 958 тони.

oktoberfest

Од 2000 година сите јавни објекти  на Октоберфест се снабдуваат со еко-струја. На Терезиенвизе, област во која се одржува Октоберфест, може да се дојде и без струја и без емитување на штетни гасови. Повеќе од 200 рикши во градот стојат на располагање на посетителите.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top