Температурата на површината на океаните денес се загрева четири пати побрзо отколку во осумдесетите години на минатиот век, се наведува во новата студија, објавена во списанието Environmental Research Letters. Тогаш температурата на океаните пораснала за околу 0,06 степени Целзиусови во текот на една деценија, а денес таа стапка изнесува 0,27 степени за една деценија. Овие откритија објаснуваат зошто во 2023 и 2024 година е забележан рекорден температурен максимум на океаните.
Имено, температурите на океаните достигнале рекордни вредности во текот на 450 последователни денови во 2023 година и на почетокот на 2024 година. Иако дел од тоа затоплување потекнува од феноменот Ел Нињо, што е природна појава, научниците забележале дека тоа не е единствената причина. Речиси половина (44%) од овие рекордни температури се должи на забрзаното загревање на океаните и морињата, што укажува на сериозни промени во начинот на кој Земјата се справува со вишокот на топлина. Со други зборови, ова не е само природна појава, туку резултат на глобалното затоплување, бидејќи океаните апсорбираат се повеќе топлина и од атмосферата, што дополнително се заоструваат климатските промени. Авторите наведуваат дека порастот на температурите на океаните, кој е забележан во последните 40 години, би можел да биде надминат во следните две децении.