Насловна / Вести / ХОЛАНДСКИ ПРОЕКТ ВО ЊУЈОРК: Рем Колхас ќе гради несекојдневен објект на Менхетн

ХОЛАНДСКИ ПРОЕКТ ВО ЊУЈОРК: Рем Колхас ќе гради несекојдневен објект на Менхетн

Image

Холандската компанија “ОМА“ планира изградба на резиденцијален објект со несекојдневен дизајн. Холандскиот архитект од светски глас Рем Колхас го објави концептот на оваа фирма за резиденцијалната зграда на 23-тата улица на Менхетн. Станува збор за комплекс на луксузни апартмани кој ќе се наоѓа над неодамна изградената зграда на Медисон Парк.

Тоа ќе биде 24-катна зграда која ќе содржи вкупно 18 резиденцијални објекти, канцеларија на агенцијата за креативна уметност, мало кино, базен и гимнастичка вежбалница. Зградата ќе се одделува од другите ибјекти на Менхетн по тоа што нема да има класичен дизјан, туку скалесто надградување на секој кат. На тој начин, како што вели архитектот Колхас, ќе се добие несекојдневен распоред на внатрешниот простор на секој апартман.

За разлика од досегашните планови да се градат станови кои имаат иста површина и речиси ист распоред и внатрешност, овој објект ќе се одликува со шареноликост. Тоа ќе значи различен распоред на собите, терасите, погледот, а секако и на цената на чинење.

Објектот треба да биде готов до крајот на 2010 година.

 

П.Р.
Објавено во број 94.

Испрати коментар

Scroll To Top