Насловна / Дневни Вести / Хортикултурно уредување на крајбрежјето на Дојранското Езеро

Хортикултурно уредување на крајбрежјето на Дојранското Езеро

dojran_thumb.jpgДојран – Согласно Програмата за подобрување на условите
за туризам, а во корелација со Програмата за уредување на градежно земјиште
локалната самоуправа во Дојран започна уредување на крајбрежјето на Дојранското
Езеро.

Во тек се кастрења и кроења на
дрвените крошни, сеча на исушени платанови стебла на пењушка, санитарна сеча на
одделни гнили стебла кои се закана за минувачите, премачкување на раните со
фунгицидни пасти, како превентивна заштита од напад на ксилофагни инсекти.

Целата постапка е во соработка со
стручен тим предводен од деканот на Шумарскиот факултет од Скопје проф. Д-р
Александар Трендафилов, ентомологот Стерја Начевски од Катедрата за заштита на
шумите и дрвото и дендрологот Јане Ацески од Катедрата за ботаника и
дендрологија.

Професионалниот тим од
Универзитетот „Кирил и Методиј" претходно изврши увид на постоечките дрвни
видови во паркот во Стар Дојран, на база на што изготви стучно мислење во кое
констатира дека како последица на неповолниот и нестабилен режим на водите во
минатите години, кај дел од стеблата платан по кои е позната дојранската плажа,
присутна е појава на сушење поради недостаток на вода. Нарушениот светлосен режим
пак довел до искривување на деблата, што претставува опасност од искорнување и
кршење, а дел од дрвјата се нападнати од штетници, како на пример стрижибуби,
стршлени и
Lithocolletis
платани.

Напоредно со хортикултурното
уредување, во тек се градежни работи со изградба на пешачката патека долж
крајбрежјето на езерото и поставување на павер елементи на градскиот кеј. Сето
заедно претставува капитален проект на локалната самоуправа кој се гради во
соработка со Министерството за транспорт и врски и Центарот за економски развој
на Југоисточниот плански регион. (МИА)  

dojran.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top