Насловна / Дневни Вести / Формиран бизнис лидерски форум на Македонија

Формиран бизнис лидерски форум на Македонија

Со потпишување на Меморандумот за разбирање со кој доброволно се согласуваат да интегрираат сет од социјални, етички и еколошки принципи за водење на бизнисот, Адинг АД Скопје, Гемак Трејд, ИНнет, КПМГ Македонија ДОО Скопје, Македонски телеком АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје го основаа Бизнис лидерскиот форум на Македонија.

Форумот е платформа која ги здржува малите, средните и големите претпријатија во кои бизнисот се води на одговорен начин. Во рамките на форумот членките ќе добиваат целосна поддршка при процесите на планирање, спроведување, проценување и подобрување на активностите за општествено одговорно работење. Целта е да се поттикне одржлив развој на бизнисот што ќе го зголеми профитот на претпријатието, а изтовремено ќе генерира и позитивни економски социјални и еколошки ефекти за развој на општеството во целост.


Администратор на платформата е Центарот за Институционален развој. Секое претпријатие кое ќе се согласи да ги применува принципите на Формуот може да стане негов член. Домаќин на церемонијата на инаугурацијата на Бизнис лидерскиот форум во Инфоцентарот на Европската унија беше Ерван Фуере апецијален поретставник ина ЕУ и шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top