Насловна / Вести / Охриѓани може да добијат заем за енергетска ефикасност

Охриѓани може да добијат заем за енергетска ефикасност

energy efficiency

Граѓаните на Охрид што имаат ниски приходи и живеат во колективни згради кои се постари од 10 години, можат колективно да аплицираат за поволни заеми во рамки на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност за секторот домување.

Во рамки на проектот се обезбедуваат заеми со кои се финансира менувањето на прозорци и балконски врати и се поставува фасада, со што се подобрува термичката изолација на домовите и се намалува загубата на топлинска енергија. Најпрвин се работеше за пилот-проект во чии рамки беа реновирани три згради со различни начини на греење во Скопје и Куманово.

Wärmedämmung

Успешноста на овие проекти доведе до нова тригодишна иницијатива на овој проект, кој сега се спроведува на целата територија на Република Македонија, вели Теодора Стефановска, проект координатор во Хабитат Македонија. Таа објаснува дека право на учество во проектот имаат станбени згради кои се изградени пред најмалку 10 години, а заедниците на сопственици, односно традиционално познатите „куќни совети“, треба да се согласни да земат поволен заем за финансирање на енергетско ефикасните мерки.

 

 

Еден коментар

  1. Здраво,
    Ова е за да ја информира јавноста дека г-ѓа Морган Ерика, приватен кредитен заемодавач, има отворена финансиска можност за сите на кои им е потребна финансиска помош. Ние даваме заем со каматна стапка од 2% на поединци, фирми и компании под јасни и разбирливи услови и услови. контактирајте нè денес преку e-mail, за да можеме да ви ги дадеме условите за заем на: ([email protected])

Испрати коментар

Scroll To Top