Насловна / Вести / Охридското Езеро го исфрли ѓубрето на луѓето

Охридското Езеро го исфрли ѓубрето на луѓето

Вознемирувачки слики во крајезерската населба Љубаништа, каде брегот на Охридското Езеро во должина од неколку километри е прекриен со разноразен отпад од пластика.

5_resize

Шишиња, ќеси, гајби и друга пластична амбалажа и цврст отпад донесе реката Черава, која од соседна Албанија  се влева во Езерото, а бранот го исфрли на брегот, велат мештаните, јавува порталот ohridnews.com.

1_resize

Доколку брзо не се реагира и не се исчисти крајбрежјето, овој отпад ќе заврши во езерото, предупредуваат локалните жители. Тие апелираат надлежните служби и локалната сампуправа да преземат најитна акција, со цел да се спречи еколошка катастрофа.

2_resize

Безмилосното уништување на рибниот фонд, градежниот атак и немилосрдната комерцијализација на крајбрежјето, големото оптоварување со пловни објекти и високите осцилации на нивото, се само дел проблемите кои го мачат се’ уште најголемиот басен со питка вода во овој дел од Европа, а ако на тоа се надоврзе ниската еколошка свест и загадувањето, тогаш е повеќе од јасно во каква опасност е три милиони години старото Охридско езеро.

3_resize

4_resize 6_resize

Извор: https://www.ohridnews.com/

Испрати коментар

Scroll To Top