Во името на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ најпрвин би сакал да ја поздравам одлуката на Владата за прекинување на постапката за измени на Планот за управување со Националниот парк Галичица и согласно тоа, стопирање на сите деструктивни планови за НП Галичица (експресен пат, ТРЗ, ски центар и др.).
Ја поздравуваме и прифатената иницијатива за репрогласување на Охридско Езеро и прогласување на Студенчишко Блато за споменик на природата и Рамсар подрачје од меѓународна важност.
Во продолжение ќе се осврнам на забелешките на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ во однос на состојбата на заштитата на светското природно и културно наследство на охридскиот регион и на барањата што од тоа произлегуваат.
Линк до целото соопштение од Охрид ЅОЅ тука: