Насловна / Вести / Охрабрувачки вести – царски пингвини сепак има повеќе

Охрабрувачки вести – царски пингвини сепак има повеќе

Британските научници потврдија дека колониите на царски пингвини на Антарктикот се побројни од што сметале. Убавите вести доаѓаат на основа на сателитски снимки.

Научниците од Британскиот антарктички истражувачки центар, новите бројки ги објавиле во нова студија.

4_resize

Пребројале 61. колонија на царски пингвини, 11 повеќе од она што се сметало дека ги има.

До вакви охрабрувачки резултати, изтражувачите дошле со помош на снимки од Европскиот Сентинел-2 сателит, кој се користи за снимање промени на ледот.

3_resize

Инаку, царскиот пингвин се пари и населува во зафрлени предели, каде температурата може да достигне и минус 50 степени Целзијусови.

Географот и еден од авторите на студијата, Питер Фритвел, новите податоци ги дефинирал како добра вест, но сепак додал дека новите колонии пингвини и натаму се мали по број на единки.

Експертите предупредуваат, дека поради глобалното загревање, до крајот на 21. век, бројот на пингвини може да се намали за дури 30 отсто.

1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top