Насловна / Вести / Огромни резерви на литиум пронајдени во геотермалните води во Калифорнија

Огромни резерви на литиум пронајдени во геотермалните води во Калифорнија

Научниците утврдиле дека во областа на соленото езеро Солтон во Калифорнија, од геотермалните води е можно да се произведат 3,4 милиони тони литиум. Таа количина е доволна за над 375 милиони батерии за електрични возила, што е повеќе од моменталниот број на возила во САД. Неспорно е дека во наредните години, побарувачката за литиум постојано ќе расте, но од друга страна екстракцијата на литиумот сериозно ја нарушува животната средина и ги намалува резервите на вода. Технологиите кои сега се развиваат, како на пример развојот на натруим – јонските батерии, може да ја ублажат состојбата. На таа група решенија се приклучува и процесот на издвојување на литиум од геотермалните води.

litium1

Во Европа, особено во долината на Горна Рајна во Германија, во ваквте проекти се истакнува компанијата Vulcan Energy Resources. Во наведената област во калифорнија, веќе работат геотермални електрани со вкупен инсталиран капацитет од 400MW, а потенцијалот е проценет на 2,95GW. Berkshire Hathaway Energy е сопственик на 10 постројки од вкупно 11. Оваа компанија со години разработува планови за вклучување на производството на литиум, а тоа го прават и неколку други компании. Истовременото производство на енергија од геотермалните извори, придонесува за повисока исплатливост ан екплоатацијата на литиум.

litium2

Но, од друга страна, во економијата на округот Импиријал доминира земјоделството, а некои веќе го нарекуваат литиумска долина. Гувернерот на Калифорнија, дури ја споредува оваа област со Саудиска Арабија, но во доменот на литиумот. Неговата администрација вовела такса на екстракцијата на литиум од 800 долари по тон.  Од друга страна, подрачјето е погодено со недостаток на вода, што ја поттикнуваат загриженоста дека со експлоатацијата на литиум состојбата дополнително ќе се влоши. Инвеститорите тврдат дека нивната технологија е многу понапредна и поефикасна. Но, немало многу истражувања кои ги утврдуваат негативните влијанија врз животната средина.  Згора на се, езерото Солтон, најголемото езеро во Калифорнија, веќе е исклучително загадено. Дотокот ан вода слабее, а поради сушење на одредени делови кои порано биле под вода, се создава могу прашина. Сојузната влада неодамна објавила дека ќе обезбеди 72 милиони долари неповратни средства, главно з азачувивање ан видовите, но претходно за проекти за Солтон се одобрени 583 милиони долари од државната каса.

litium3

 

Испрати коментар

Scroll To Top