Насловна / Вести / Огромен куп пластичен отпад е пронајден на дното на Средоземно Море

Огромен куп пластичен отпад е пронајден на дното на Средоземно Море

Научниците идентификуваа највисоко ниво на микропластика на дното на морето досега забележано. Загаденоста е откриена во седименти извадени од дното на Средоземното Море во близина на Италија.
Откриени се дури 1,9 милиони парчиња пластика на метар квадратен, според истражувањето спроведено во Манчестер.

More
Ова вклучува, на пример, влакна од облека и други синтетички текстили, како и мали фрагменти од поголеми предмети што се распаднале со текот на времето.
Истражувачите веруваат дека микропластиката (честички помали од еден милиметар) се концентрира на специфични локации на морското дно заради струите на длабочина.
“Тие струи акумулираат талог – како подводни дини од песок“, изјави д-р Иан Кејн, кој го водеше меѓународниот тим, за Би-Би-Си.
Тој вели дека тие можат да бидат долги десетици километри и високи стотици метри. Тие се меѓу најголемите седиментални наоѓалишта на Земјата и се направени од ситна тиња, така што може да се очекува да содржат микропластика.
Се проценува дека меѓу четири и 12 милиони тони пластичен отпад, главно од реки, завршуваат на светските мориња на годишно ниво.
Медиумите се фокусираат на големите купови пластичен отпад што лебдат на морињата или завршуваат на плажите. Но, тој видлив отпад претставува само еден процент од морската пластика, а не е познато каде завршуваат другите 99 проценти.
Дел од пластиката е скоро сигурно проголтана од морски животни, а повеќето од нив веројатно ќе се распаднат и едноставно ќе потонат.
Во делот опфатен со истражувањето меѓу Италија, Корзика и Сардинија нема ништо невообичаено затоа што и во другите делови од светот има силни длабоки струи, поттикнати од разликите во температурата и соленоста.

More2
Причината за загриженост е што овие струи донесуваат кислород и хранливи материи во морските организми на длабочина. По овие струи, микропластиката би можела да се акумулира во центарот  на биолошката разновидност, зајакнувајќи ги изгледите на морскиот свет за апсорпција на пластика.
Професорот Елда Мирамонтес, од Универзитетот Бремен во Германија, кој е ко-автор на студијата, вели дека светот мора да вложи исти напори за борба против морското загадување со пластика, како што е во борбата против коронавирусите.

“Сите ние правиме напори да ја зголемиме нашата безбедност со тоа што ќе останеме во домовите и ќе го промениме животот – го менуваме начинот на работа, па дури и ќе престанеме со нашата работа.Сето тоа е со цел луѓето да ни фати болеста. На ист начин, мора да размислиме за заштита на морето “, додава таа.

Испрати коментар

Scroll To Top