Кина може да се пофали со импресивни инженерски подвизи кои помеѓу другото го вклучуваат и вториот највисок облакодер во светот и највисок мост кои се градат на југозападниот на земјата . Наскоро ќе бидат реализирани благодарение на проектот Raffles City Chongqing изработен од Moshe Safdie, кој се гради на југозападот на земјата.
Компанијата изведувач CapitaLand наговестува дека пешачкиот мост во склоп на хоризонталниот облакодер е преувеличан. Под име Conservatory, овој мост е масивен и долг 300 метри. Неговата закривена конструкција подигната е на висина од 250 метри и потпрена е на кули со мешовити намени, кои вклучуваат деловени простори, станови, трговски единици и хотели. Соседниот пар кули високи се околу 350 метри и поврзани се со неколку помали мостови со овие кули со мешовита намена. Со проектот се планирани осум кули.
Внатре во комплексот Raffles City Chongqing предвиден е бесконечн базен, небесни градини и палуби од кои се пружаат погледи на околината. Raffles City Chongqing е формиран од челична конструкција тешка 12.000 тона, обложен е со 3200 парчиња стакло и 4800 алуминијумски панели. Една од водечките инженерски компании Arup задолжена е да му помогне на тимот кој управува со ризиците, поточно со потенцијалните опсаности како што се ветрови, сеизмички дејства и безбедност и заштита од пожари и експлозии.
„За да се подигне челичната конструкција на потребната висина прво е поделена на девет сегмента – четири сегменти се вградени на лице место над четирите кули, три средни сегменти монтирани се на земја и потоа со помош на хидраучични конектори подигнати и разапнати помеќу кулите и два конзолни сегмента кои се монтирани во кратки делови за двата краја на најоддалечените кули.“ објаснуваат од компанијата CapitaLand.
Доколку се оди по план комплексот Conservatory треба да биде отворен во 2019 година.
Предвидено е Raffles City Chongqing да добие LEED Gold standard и да ги опфаќа мерките за енергетска ефикасност кои вклучуваат и оптимализирање на температурата со создавање на сенки со што би се налалила топлината, ефикасен систем за наводнување, рециклажа на градежниот отпад и користење на делумно рециклиран материјал за изградба.