Насловна / Вести / Огнотпорен ѕиден тапет, кој во случај на пожар се трансформира во алармен уред

Огнотпорен ѕиден тапет, кој во случај на пожар се трансформира во алармен уред

Кинески истражувачи развија нов вид на ѕиден тапет кој може да детектира присуство на зголемена топлина и пламен, по што веднаш ја трансформира целата просторија во алармен систем. Истражувачите од Shanghai Institute of Ceramics, Chinese Academy of Sciences, го направиле овој тапет со помош на хидроксиапатит, материјал кој се наоѓа во коските и забите. Тие откриле дека кога овој материјал ќе се изведе во вид на долги нановлакна, станува доволно флексибилен за да се употреби за основа за тапети.

WFD1

WFD6

Производот е извонредно отпорен на топлина и оган и може да помогне да се спречи ширењето на пламенот во услови на пожар. Понатаму, тимот прави и чекор напред, преку воведување на термосензитивни сензори во самите тапети, кои се направени од смеса од графен оксид. Оваа смеса делува како електричен изолатор на собна температура, но при пораст на температурите станува проводник. На тој начин се затвора струјното коло и се активира алармот за појава на пожар.

Откритието е презентирано во научно списание издадено од ACS Nano, под насловот “Fire Alarm Wallpaper Based on Fire-Resistant Hydroxyapatite Nanowire Inorganic Paper and Graphene Oxide Thermosensitive Sensor“.

Превенцијата од пожари и безбедноста се клучни при проектирањето на зградите. Строгите прописи кои ја регулираат оваа област, обрнуваат особено внимание на брзата детекција и брз одговор во случај на појава на пожар.

Nano2

Испрати коментар

Scroll To Top