Насловна / Архитектура / Огнен Арсов и Ана Коси EU/SLO, говорници на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Огнен Арсов и Ана Коси EU/SLO, говорници на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Македонско-словенечкиот тандем Огнен Арсов и Ана Коси ќе говорат за своето творештво на Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти.

После дипломирањето на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2004 година, Огнен Арсов го продолжува своето образование на постдипломски студии во Љубљана. Работел во повеќе словенечки архитектоснки студија, најчесто на проектирање комплексни градби.

Ана Коси дипломирала на Архитектонскиот факултет во Љубљана во 2012 година, а своето образование го продолжила на Политехничкиот универзитет во Милано. На Архитектонскиот факултет во Љубљана била ангажирана како доцент по повеќе предмети од областа на архитектонска теорија, критика и историја.

Огнен Арсов и Ана Коси во 2017-та година го основаат архитектонското студио „Kosi in partnerji“. Ова студио успешно работи на словенечката архитектонска „сцена“ веќе седум години, а дел од работата на студиото ќе биде претсавена на 29.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола.

Испрати коментар

Scroll To Top