Дека за импресивна слика во техничка смисла е потребно многу повеќе од самиот апарат и добро око, се уверивме многу пати. А огромна улога, се разбира, во модерната ера на фотографии играат и алатки како на пример Photoshop, но, исто така и мали, концептуални „финти“ во предпродукцијата.
Токму тоа, ни го покажа шведскиот фотограф и уметник Ерик Јохансон, кој сите креативни убавини во настанувањето на неговите последни, спектакуларни фотографии со наслов Impact, ни ги откри во своето behind the scenes видео. За ова дело, тој искористи претопување на големо скршено огледало, водена површина и пејзаж.
Така, освен, Photoshop, Ерик употреби огледална искршена површина од 17 квадратни метри, кану и неутрална локација.
Она што потоа следи е проследено со дигитална обработка и доработка, а кои произлегуваат од самата идеја и креативниот ум на овој талентиран фотограф.
Како изгледал самиот процес почнувајќи од првичните скици, преку реализација и формирање на самото дело, може да се дознае преку шестминутен видео.