Општина Центар ќе ја реконструира салата во која се одржуваат седниците на Советот, што се наоѓа во бараката број 6. Распишан е оглас во кој се бара изведувач на работите.
Општинските власти информираат дека комплетно ќе се менува с` за да им се овозможи и на граѓаните да учествуваат на седниците и да се доближат до локалната самоуправа. Ќе се реконструира површина од 150 квадратни метри, а проценетата вредност на градежните работи е околу 15.000 евра.
Финансирањето за реконструкцијата е обезбедено со грант од 15.000 долари од Фондацијата за отворено општество -Македонија, додека дел ќе биде покриено со пари од Општина Центар, информираат од Општината.