Насловна / Вести / Oглас за работници за изградба на автопатот Кичево-Охрид

Oглас за работници за изградба на автопатот Кичево-Охрид

синохидро

Кинеската компанија „Синохидро корпорејшн лимитед“ која е главен изведувач на работата за изградба на автопатот Кичево-Охрид, во дневните весници објави оглас за вработување на поголем број лица.
Огласот се однесува за потполнување на следните работни позиции:
– Лабораториски инженер – за тестирања (2 лица)
– Градежен инженер (10 лица)
– Инженер за заштита и безбедност на работна средина (4 лица)
– Геодетски инженер (2 лица)
– Инженер за тунел (2 лица)
– Техничар/Механизација (10 лица)
– Мобилен кран (авто кран) оператор (4 лица).
Доколку сакате да конкурирате за некоја од наведените позиции, вашето CV на англиски јазик пратете го на [email protected].

Испрати коментар

Scroll To Top