Насловна / Вести / Оглас за продажба на парцели за деловни објекти и бензинска во Зелениково

Оглас за продажба на парцели за деловни објекти и бензинска во Зелениково

ore[ani

Министерството за транспорт и врски објави оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште на територијата на Општина Зелениково, предвидено со Урбанистички план за дел од село Орешани.

Парцелите се наменети за изградба на комерцијални и деловни намени, за лесна и незагадувачка индустрија, бензинска станица, сервиси и стоваришта .

Продажбата на парцелите ќе се врши по пат на електронско наддавање. Почетната цена на електронското надавање за изградба на комерцијални и деловни намени е 250 денари од метар квадратен, додека почетната цена за наддавање за бензинска станица и комунална супраструктура е 130 денари од метар квадартен.

За останатите парцели продажната цена на парцелите е 61 денар од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 20.02.2015 година. Наддавањето ќе се врши чекорно за комерцијални објекти не помалку од 25 денари, за бензинска не помалку од 13 денари и за останатите надавањето не смее да биде помало од 10 денари. Претходно Министерството имаше објавено и оглас за продажба на парцели за филмски град во оваа општина.

Испрати коментар

Scroll To Top