Јавниот оглас за избор на членови на Партиципативно тело за урбанизам на Град Скопје, којшто е отворен до 21. февруари 2024 година.
Повеќе информации на следниот линк.
Огласот го дефинира Партиципативното тело на следниот начин:
„Партиципативното тело за урбанизам ги претставува сите различни интереси и интересни групи во градот Скопје и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.
Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења до Советот на Град Скопје.“