Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје распиша оглас за изработка на проектна документација за обезбедување услови за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал – август 2017 година, на Националната Арена Филип II Македонски – Скопје.
Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 3.000.000 денари или околу 50.000 евра.
Во огласот се бара изработка на проектна документација за обезбедување услови за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал – август 2017 година, на Национална Арена Филип II Македонски – Скопје и тоа: обезбедување услови за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал – август 2017 година I. Проектна документација – (нови проекти), II.Дополнување на проектна документација – (за измени во тек на градба), III.Проектна документација – (за адаптација), IV. Ревизија на проектната документација и V. Проектантски надзор.
„I. Проектната документација – нови проекти, опфаќа проекти кои до сега не биле предмет на проектирање, а кои треба да бидат изработени и реализирани како дел од условите на УЕФА кои треба да се исполнат за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал – август 2017 година на Национална Арена Филип II Македонски – Скопје.
II. Дополнување на проектна документација – за измени во тек на градба, се однесува на проектната документација која е во фаза на реализација и е изработена од проектантот Македонијапроект АД Скопје, а која мора да се дополнува како би се исполниле условите на УЕФА за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал – Август 2017 година на Национална Арена Филип II Македонски – Скопје.
III. Проектна документација – за адаптација, ова документација се однесува на проектна документација за простории и простори како на гледалиште така и во поттрибински простор кои се технички примени и ставени во функција, но истите треба да претрпат измени и дополнувања како би се исполниле условите на УЕФА за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал – август 2017 година на Национална Арена Филип II Македонски – Скопје.
Проектната документација за обезбедување услови за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал – август 2017 година, на Национална Арена Филип II Македонски – Скопје треба да биде изработена на ниво на Основен проект со сите потребни пресметки, цртежи, детали, предмер пресметка, предмер за тендерска документација и обезбедена Позитивна ревизија на проектната документација од овластено лиценцирано правно лице за вршење на ревизија.
Проектаната документација треба да ги исполнува позитивните законски пропси во Република Македонија за Објекти од Прва категорија бидејки истата ке се користи пред надлежните органи за добивање на Одобрение за градење, Решение за измени во текот на изградба и за Одобрение за адаптација“, се вели во огласот.