Насловна / Вести / Официјално e раскинат договорот за Јужен тек

Официјално e раскинат договорот за Јужен тек

Договорот за гасоводот Јужен тек е раскинат, соопшти денес рускиот енергетски гигант Газпром. Управниот одбор на компанијата го одобрил раскинувањето на договорот меѓу Газпром и претпријатието Транспорт Јужен Тек Б.В., кој беше склучен на 2 октомври 2013 година, пренесува Тасс.Juzen-tek

Рускиот претседател Владимир Путин на 1 декември 2014 година соопшти дека Русија не да го реализира проектот Јужен тек под актуелните околности.

Директорот на Газпром, Алексеј Милер, подоцна соопшти дека овој проект повеќе не е релевантен.

Јужен тек беше проектиран за испорака на 67 милијарди кубни метри гас годишно преку Балканот кон Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top