Насловна / Вести / Официјално почнува грејната сезона

Официјално почнува грејната сезона

радиајтори

Од денеска официјално почнува грејната сезона. Според последните одлуки на Регулаторна комисија за енергетика, времето на греење се продолжува за еден час и наместо до 21 часот, граѓаните ќе имаат парно до 22 часот. Новина е што нема да се чека температурата да се спушти под 12 Целзиусови степени три последователни дена, туку парно ќе има ако прогнозата на УХМР за следниот ден предвидува температура пониска од 12 степени.

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која беше соопштена кон крајот на јули, граѓаните што се приклучени на системот за парно греење на „Балкан енерџи груп“ ќе плаќаат поевтино парно за 0,19 проценти, на „ЕЛЕМ енергетика“ за 0,86 проценти, а сметките на „Скопје Север“ АД ќе останат исти.

Испрати коментар

Scroll To Top