Насловна / Урбанизам / Цирих – рај за пешаците

Цирих – рај за пешаците

cirih.jpgЕдна од големите предности на Цирих е што можеш да го прошеташ целиот град одејќи пеш.
Циришкиот систем на градски транспорт е познат по ефикасноста, точноста, адекватната поврзаност на центарот на градот со околните населби и многуте разнообразни сообраќајни линии. Циришани главно користат четири вида превозни средства, а предност има еко-трамвајот со кој се возат девет од десет граѓани.

Линиите на овој трамвај се испреплетени низ центарот на Цирих и не
пречат на автомобилскиот сообракај.

 

Многу жители на овој швајцарски град се возат и со градски автобус, кој
е евтин и со кој може брзо да се стигне до приградските населби во
секое време од денот.
S-BAHN приградските возови поминуваат и низ главната станица во
центарот на Цирих и тоа е третата сообракајна линија. Бродовите, исто
така пловат кружно околу Циришкото езеро и се четврто градско превозно
средство.

 

cirih2.jpgВо периодот од 6ч до 10ч и 30 мин, циришани можат да изнајмуваат
велосипеди бесплатно. Велосипедите се подигаат од одредени пунктови
и се враќаат повторно во нив, но тоа секогаш не мора да биде истиот пункт. Велосипедот се користи како адекватно превозно средство и за вработени и за невработени.
Рентање на разни превозни средства како градски велосипеди, велосипеди за планинско возење, моторчиња, скутери, скејтбордови и автомобили, исто така е дел од градскиот сообраќај.
TAXI превозот во град каде што дури милиони банкари користат трамвај, е голема екстраваганција. Користењето на личен автомобил е секогаш поврзано со обезбедено паркинг место.

 

Автомобилите се паркираат или во гаража, или на отворен јавен простор планиран за паркирање. Паркингот означен со жолта боја значи дека е приватен паркинг и на него може да се паркира само возило на сопственикот на паркингот. Паркинг со сина боја значи дека може да се паркираат возила за кои сопствениците купиле годишна карта за паркирање. Ако имате годишна карта, се паркирате каде сакате и кога сакате во целиот град , на паркинг означен со сина боја. Паркинг означен со бела боја значи дека е слободен за паркирање на секое возило, а паркирањето се наплаќа со паркингметар од час.
Но, просечниот циришанец својот автомобил го користи најчесто за време на викенд. Во другите денови од неделата се вози со еко-трамвај.

Испрати коментар

Scroll To Top