Нa крајот од август или на почетокот од септември, германската компанија ODW ELEKTRIK која произведува електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови „Мерцедес“, „Порше“, „БМВ“ и „Фолксваген“, почнува со своето производство во Охрид.
На самиот старт, во фирмата ќе бидат вработени 30 лица. За таа цел претставниците на менаџерскиот тим на германската компанија веќе спровеле интервју со потенцијалните кандидати за вработување.
Првовработените ќе бидат испратени на работна обука во траење од две до четири недели во фабриката на ODW ELEKTRIK во Украина, а потоа ќе ги обучуваат и оние што подоцна ќе се вработат во охридксиот погон на оваа фабрика.