SemDrain® нуди богата палета на одводни канали и додатоци за квалитетно одводнување на површинските води.
Иднината на градовите, во услови на динамични климатски промени, бара размислување на иновативен начин и долгорочна грижа за природата. Значителна улога во моделирањето на „микроклимата“ во градската средина имаат патиштата, уличната и тротоарната мрежа, плоштадите, парковите итн. Сите тие во голема мера придонесуваат за климатската удобност во градовите. Честопати не размислуваме на тоа дека овие „запечатени“ површини не дозволуваат водата од дождовите да се впие директно во почвата. Како резултат на тоа, за време на обилни дождови системите за канализација се преоптоваруваат, а нивото на површинските води драстично расте, што го зголемува ризикот од материјални штети. Токму затоа, проектирањето на ефективен систем за одведување на насобраната вода е од клучно значење за избегнување поплави по интензивните дождови.
Ви го претставуваме SemDrain®, иновативен систем на одводни канали за беспрекорно одводнување на површинските води.
Ефективниот систем за одводнување е клучен за спречување на акумулацијата на вода и минимизирање на ризиците од поплави.
Зошто да изберете SemDrain®?
Иновативните одводни канали SemDrain® се изработени од еден од најцврстите полимерни материјали – полипропилен. Тој е доволно е цврст и издржлив на високи оптоварувања, остри температурни амплитуди, отпорен е на соли, киселини и бази.
Производите SemDrain можат да се рециклираат и имаат:
» Мала тежина
» Голема цврстина
» Лесна монтажа
» Хидраулични својства
» Отпорност на лизгање
» Хемиска отпорност
» Лесно чистење
» Заштита од кражба.
Одводните канали SemDrain® ја носат водата на вистинскиот пат!
Информирајте сѐ за производите на следниов линк.