Потрошувачката на урбаните ресурси претставува основна причина за многу светски еколошки проблеми. Бидејќи веќе е направена огромна штета на екосистемите ширум светот, потребно е да се изнајдат решенија да се минимизираат последиците, преку регенеративен, а не само одржлив урбан развој.
Од индустриската револуција, процесот на урбанизација станува сè поинтензивен, што значително придонесува за климатските промени, природната плодност на обработливото земјиште и биодиверзитетот во светот. Нашиот жесток апетит за ресурси од светските екосистеми има тешки последици за целиот живот на Земјата, вклучувајќи го и човечкиот живот. Градовите имаат тенденција на потрошувачка на ресурсите и одлагање на отпад кои покажуваат мала грижа кон еколошките последици.
За среќа на некои места се чини дека ова се менува. Во изминатата деценија ширум светот се појавија концепти кои ја доловуваат идејата за тоа како да ги докажуваме нашите градови: паметни градови, градови погодни за живеење, одржливи градови, интелигентни градови, отпорни градови. Секој концепт подразбира различни решенија.
Одржливите градови честопати се најчесто употребуван термин, особено, бидејќи ги вклучува еколошките, економските и социјалните димензии и е во согласност со поширокиот дискурс за одржлив развој. Сепак, често се критикува дека е премногу небулозен и нејасен.
Паметните градови се фокусираат на технолошките решенија. Со имплементирање на високоефикасни технолошки системи кои користат помалку ресурси за истата услуга, тој се обидува да го намали еколошкиот отпечаток на градот.
Отпорните градови се прилично пасивна терминологија која произлегува од тоа како градовите можат да изградат отпор против идните катастрофи, кои би произлегле како резултат на климатските промени. Станува збор за изнаоѓање механизми кои ќе се насочат кон намалување на штетите, наместо да се обид за превенирање на причините.
Конечно, градовите погодни за живеење првенствено треба да забранат непланско ширење и одржување на компактната урбанизација во човечки размери. Ги препознава и активно се бори против општествените стресори (преку урбани интервенции) во секојдневниот живот врз физичкото, социјалното и менталното здравје на корисниците. Фокусот е ставен на квалитетот на човечкиот живот што треба да се обезбеди против предизвиците што претстојат.
РЕГЕНЕРАТИВЕН ГРАД
Овој концепт се обидува да го поправи односот помеѓу градовите, нивниот контекст и тактилните зони кои ги снабдуваат со вода и други витални ресурси. Треба повторно да се обноват екосистемите од кои зависат градовите, вклучително и мерките за зголемување на нивниот капацитет за апсорпција на јаглерод.
Создавањето на ресторативна врска меѓу градовите, нивната околина и светот пошироко значи искористување на нови можности во финансиските, технолошките и деловните практики. Трансформативните промени бараат далекуопсежни стратешки избори и долгорочно планирање, наместо краткотрајни компромиси и крпени одлуки што ги карактеризираат повеќето од општествените системи.
ОД УРБАНА РЕГЕНЕРАЦИЈА ДО ЕКО-РЕГЕНЕРАЦИЈА
Во последно време постојат се повеќе иницијативи за урбана регенерација фокусирани на здравјето и благосостојбата на граѓаните и урбаното ткиво. Во западноевропските земји овој концепт се актуализира преку програми за социјално интегративен град. Тие се занимаваат со проблеми како што се деиндустријализацијата, депопулацијата и застарената инфраструктура. Овој вид на регенерација е близок до концептот на градови погодни за живеење бидејќи обајцата гледаат на социјалната и економската ревитализација на урбаните простори.
И додека од еднастрана овој тип на урбана регенерација значи подобрување на физичката, економската и социјалната благосостојба на денешните градови, пристапот на регенеративните градови сепак повеќе тежи кон еколошката регенерација на урбаните средини. Воспоставеното гледиште на урбаната екологија треба да се прошири за да ги вклучи во третманот сите територии во одржувањето на урбаните системи. Урбаната регенерација на тој начин го добива епитетот на еко-регенерација.
Визијата кон која треба да се залага светот денес, е екополис – еколошки град, но и економски реставративен, со оглед на фактот дека градовите се зависни системи кои тежнеат кон ентропија чиешто потпирање на надворешните инпути ќе станува се понесигурно.