Насловна / Вести / Одржливост, наука и луксуз на крузерот MS Roald Amundsen

Одржливост, наука и луксуз на крузерот MS Roald Amundsen

Скандинавски дизајн, моторот Rolls Royce, пространи апартмани и интригантни научни активности се само некои од деталите на новиот брод, MS Roald Amundsen…

8_resize

Норвешката компанија Hurtigruten сака да направи разлика во индустријата на крстарење со воведување на својот нов хибриден брод, крузерот MS Roald Amundsen – првиот во светот кој користи батерии, заедно со дизел со ниска содржина на сулфур како свој погон.

1k_resize

Roald Amundsen моментално плови по брегот на Чиле за време на својата експедиција на Антарктикот, со 450 патници на палубата, со надеж дека оваа авантура ќе ги инспирира останатите членови на наутичката индустрија и ќе ги натера да размислуваат и да направат измени во своите дизајни и прашањето за одржливост.

12_resize

Волшебниот брод MS Roald Amundsen е создаден со најдобрите детали на класичниот скандинавски дизајн на сите свои единаесет палуби и 265 кабини. Акценти од дрво од бреза, камени плочки и удобни минималистички парчиња мебел, избрани од шведското студио Tillberg Design, се вградени во пространи соби и апартмани, додека бањите се со загреани подови и пространи прозорци.

10_resize

9_resize

Во атриумот, гостите ќе ги поздрави масивниот седумкатен LED екран, кој ќе прикажува слики од експедициите на Hurtigruten.

13_resize

Седумстотини оригинални слики раштркани се низ целиот брод, а избрани се лично од кралицата на Норвешка, во соработка со нејзината Фондација за млади уметници.

14_resize

Во самото јадро на овој брод се наоѓа научен центар, односно високо-технолошки простор, каде што научниците одржуваат предавања и ја проучуваат водата на Антарктикот, како и примероци од планктони, заедно со гостите.

7_resize

Проектираниот дизајн на овој брод не е чисто естетски дизајниран, туку е  и дел од иницијативата за самоодржливост. Покрај револуционерните хибридни батерии, кои ги намалуваат емисиите на јаглерод-диоксид за околу дваесет отсто, овој брод има екстериер што ги пресекува брановите без многу мака, а тој е дело на Espen Oin, еден од најпознатите наутички дизајнери во светот.

11_resize

За ладење на моторот Rolls Royce се користи вода, кој на тој начин се загрева и се користи за хигиенски потреби, џакузи, сауни и базен.

6_resize 9_resize

Hurtigruten е исто така првиот крузер кој забранува употреба на пластични производи за еднократна употреба, така што гостите во своите соби ќе најдат варијанти за дополнување и шишиња од алуминиум, кои што можат да ги понесат со себе за време на екскурзиите. Според извештаите, овој бренд планира да ја освежи целата своја флота со ист, чист и модерен дизајн, со одржливи елементи, до крајот на 2021. година.

4_resize 5_resize 2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top