Насловна / Архитектура / Одржлива зграда на седиштето на Меѓународниот Олимписки Комитет

Одржлива зграда на седиштето на Меѓународниот Олимписки Комитет

Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК), неодамна доби ново седиште во Швајцарија. Olympic House се наоѓа во Лозана, на брегот ан Женевското езеро, во близина на дворец од 18-ти век. Покрај тоа што зградата ја карактеризира атрактивна застаклена фасада, таа може да се пофали и со одржлив дизајн, вклучувајќи собирање на дождовница, фотоволтаици и употреба на рециклирани материјали. Автор на проектот е компанијата 3XN, но учествувала и локалната компанија IttenBrechbühl.

Дизајнот на фасадата оддава почест на олимпискиот дух и ја рефлектира посветеноста на транспарентноста. Динамичната и брановидна форма, која изгледа поинаку во зависност од аголот на набљудување, асоцира на енергијата на спортист во движење. Olympic House е симбол на МОК, но мора да функционира и како деловен центар. Затоа, внатрешноста е флексибилно организирана и подразбира канцеларии кои можат да се реконфигурирааат според потребите. Големите и импресивни централни скалила асоцираат на олимписки кругови и поврзуваат пет ката низ централниот атриум.

MOK4

Olympic House има сертификат LEED Platinum (стандард за зелена градба), стандард за одржлива градба (Swiss Sustainable Construction Standard) и стандард за енергетски ефикасни згради. Некои од значајните одржливи карактеристики вклучуваат и голем број фотоволтаични панели на покривот, а вградени се топлински пумпи кои кја користат водата од Женевското езеро како топлински извор. Објектот нуди максимално искористување на природната светлина во внатрешноста и делумно зелен покрив со тераса.

MOK1

MOK3

Над 95% од материјалот на некогашната управна зграда на истата локација е повторно искористен и рециклиран. Камен темелникот е поставен уште во 2016 година, а конечно е завршена на почетокот на јуни годинава. Инвестицијата вреди околу 150 милиони УСД, а во објектот ќе работат околу 500 лица.

MOK2

MOK5

 

Испрати коментар

Scroll To Top