ERA Architects од Барселона е иновативно студио кое се залага за принципот на одржлив туризам.
Со своите приколки Pinea Mobile Ecological RV, го менува начинот на поминување на слободното време. Приколката што ја презентираме е направена од природни и одржливи материјали и има голем број еколошки карактеристики, како што се соларни панели и системи за собирање дождовница. Pinea во моментов е прототип кој се наоѓа во регионот Пенидес во Шпанија каде е ставен на тест. Со овој вид приколка, еко-туризмот изгледа навистина одлично.
Она што го прави овој прототип уникатен е неговиот зелен покрив. Содржи соларен панел кој произведува до 50 W енергија, која се задржува во батеријата и може да се користи за полнење на телефонот и осветлување во внатрешноста на приколката. При дизајнирање на оваа приколка, нејзините креатори ги набавувале неговите елементи од различни делови на локалниот регион. Pinea има специјализиран систем кој собира дождовница за зелен покрив, кој прима дури 100 литри вода.
Ткаенината што ја обвива приколката може да се отвори со помош на патент за да се пушти свеж воздух и сончева светлина во внатрешноста. Кога е потребна приватност, процесот се менува. Оваа ткаенина се произведува во Каталонија со користење на процес што ја прави водоотпорна. Важно е да се истакне дека креаторите на оваа специјална приколка, исто така, мислеле на мали летни напади од инсекти, опремувајќи ја Pinea со мрежа за комарци.
Еко приколката е во комплет со голем кревет, маса и столови, како и парчиња мебел за складирање работи направени од сертифицирано дрво и издржлива плута. Подот на приколката е исто така направен од плута, што и дава уникатен изглед. Ако е можно да се замисли еко-стан на иднината на тркала, тогаш тоа е Pinea Mobile.