Шведската компанија H&M и хонгконгшкиот Истражувачки институт за текстил и облека (HKRITA), развиле нова техника со помош на која памучните ткаенини ги зафаќаат стакленичките гасови од воздухот, а со цел модната индустрија да го намали своето влијание врз климата. Пилот проектот го спроведуваат вработените од еден ресторан во Стокхолм, кои носат нови памучни престилки кои го зафаќаат јаглерод диоксидот од воздухот.
Текстилната индустрија има голем јаглероден отпечаток, па поради тоа модните брендови се под притисок да реагираат. Оваа нова техника се базира на раствор кој содржи амин за третирање на памук, влакна, предиво и ткаенина, кој го зафаќа јаглерод диоксидот, го задржува и го стабилизира и скалдира на површината на текстилот. Извршниот директор на HKRITA рекол дека истражувачкиот тим бил инспириран од техниките за ограничување на емисиите кои се користат кај оџаците на термоцентралите на јаглен. Една маица од ваква ткаенина, е во состојба да апсорбира третина од дневните количини кои ги апсорбира едно дрво.