Компанијата Mainstreen Architect изгради фабрика за преработка на отпадните води во Калифорнија, која поради почитувањето на принципите на одржливоста е наградена со златен LEED сертификат.
Во објектот се вградени низа одржливи елементи како што се фотоволтаичните модули, систем за пасивна и активна контрола на дневно осветлување и сл. Огромни количини на вода секојдневно се обработуваат на одржлив начин, со цел жителите на градот Окснард да имаат квалитетна вода. Во исто време, од компанијата работат и на подигање на свеста на луѓето, за да се намали нерационалното трошење на водата.
Извор: reciklirajte.me