Меѓународниот конгрес и изложба ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА – ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, по втор пат ќе се одржи во Србиjа. Предавањата на 10 еминентни архитекти од целиот свет, авторитети во областа, изложбите, конкурсот и работилницата за млади архитекти, треба да дадат одговор на прашањето: Зошто одржливата архитектура и енергетската ефикасност станаа толку важно глобално прашање?
Конгресот се одржува на 5ти, 6ти и 7ми октомври 2018 година во исклучителните, мултифункционални простории на Југословенската кинотека во Белград. Ќе опфати важни теми со фокус на одржливиот и еколошки пристап во архитектурата и проектирањето, со кориситење на обновливи извори на енергија, енергетски ефикасни и интелигентни системи, и сл.
Значаен сегмент ќе биде посветен на биоклиматска и енергетска рехабилитација на постоечките објекти и можностите за употреба на дрвото и рециклирани материјали.
Повеќе информации на линкот: http://congress-saee.com/.