Насловна / Вести / Одржлив „самосанирачки“ бетон

Одржлив „самосанирачки“ бетон

Индустријата на производство на цемент е сериозен контрибутор во емисијата на јаглерод диоксид. Затоа, во последно време, освен употребата на рециклирани материјали што треба да биде високо на листата на приоритети, исто така важни се иновациите во насока на пониски емисии во производството на цемент, но и напорите да се направи бетонот „еколошкo пријателски“.бетон санирачки_2

Зошто е важно бетонот да биде колку што е можно „позелен“? Бидејќи се работи за најприменуваниот градежен материјал и бидејќи за негово добивање се емитува сериозно количество на CO2 во атмосферата. Затоа, постојат неколку „зелени“ алтернативи на класичниот бетон, меѓу кои т.н „самосанирачки бетон“ (self-healing concrete). бетон санирачки_1

Овој бетон содржи и бактерии кои под дејство на влага стануваат активни и генерираат варовник, кој ги пополнува пукнатините кои се појавуваат со текот на  времето. Ова е значајна придобивка бидејќи не се бара дополнителнo количество на бетон за да се санира пукнатината.бетон санирачки

Испрати коментар

Scroll To Top