Насловна / Вести / Одржлив пловечки град како одговор на покачувањето на нивото на морињата

Одржлив пловечки град како одговор на покачувањето на нивото на морињата

Бусан, вториот по големина град во Јужна Кореја, сместен на југот на земјата, наскоро ќе стане првиот дом на одржливиот пловечки град во светот. Проектот OCEANIX Busan е најавен минатата година, а неодамна излезе и прототип на дизајнот.

oceanix1

oceanix3

Во првата фаза тој ќе се состои од три поврзани островски населби за 12.000 жители. Првиот стадиум на проектот настанал како одговор на климатските промени и ризиците од опасност од подигање на нивото на морињата, и би требало да биде довршен за само три години. Секој од островите, осносно платформите, ќе има своја улога: од резиденцијална до истражувачка, а меѓусебно ќе бидат поврзани со мостови. Бројот на платформи с епланира да достигне 20 или повеќе. Фотоволтаици, стакленици, како и кружни системи за добивање на вода и други еколошки решенија, ќе се погрижат за одржливоста на градот кој сам ќе ја создава потребната енергија, а еден дел од изворот на храна ќе биде урбаното земјоделство.  Кафезите под платформите ќе се користат за одгледување на школки, а отпадот од рибите ќе се користи како ѓубриво за растенијата.

oceanix4

oceanix5

Испрати коментар

Scroll To Top