Kjellander Sjöberg Architects од Стокхолм неодамна победи на натпреварот за Nacka Port, нов округ помеѓу Nacka и Стокхолм. Се планира овој урбан блок да биде одржлива дестинација и да се состои од комбинации на станбени, комерцијални и јавни простори кои се лесно достапни за пешаци и велосипедисти. Покрај новиот зелен простор, архитектите планираат да вметнат „јаглеродно позитивни“ кули кои ќе бидат изградени од обновливи материјали и кои ќе промовираат здрава микроклима и одржлив начин на живот. Сместен помеѓу комерцијалниот центар Sickla köpkvarter и округот Hammarby Sjöstad, Nacka Port е зрел за обнова бидејќи тука се сместени индустриски објекти од минатиот век, како што е на пример фабриката за бои Klinten. Локацијата се наоѓа на пресекот на две главни сообраќајници. Архитектите го проектирале новиотт градски блок под името Klinten, кој ќе биде како град во градот и ќе биде атрактивна дестинација во текот на целиот ден.
Двете предложени кули ќе имаат терасести нивоа кои се спуштаат на заедничко подножје и ја поврзуваат локацијата. Степенастите застаклени фасади се ориентирани на југ, и тука се наоѓаат заедничките и приватните тераси прекриени со зеленило. Локацијата е опкружена со атрактивни зелени површини, а особено се внимавало погледот од зградите кон околината да биде максимизиран. Суштината на проектот Nacka Port е да се стави фокус на создавањето на позитивна визија за идните потреби на луѓето, но и на планетата. роцесот на планирање е веќе започнат а официјалниот развоен план се очекува во 2020 година.