Компанијата Adrian Smith + Gordon Gill Architecture (AS + GG) го претстави новиот облакодер со стаклена фасада кој треба да се гради од 2019 година во Торонто, Канада. Оваа деловна зграда со 46 ката, ќе има LEED Platinum (стандард на зелена градба), а ќе има и закривена форма која ги намалува ефектите од ветерот. Кулата под името 160 Front Street ќе се наоѓа во центарот на Тооронто во близина на CN Towera, и ќе биде ориентирана паралелно со правецот на ветровите кои с екарактеристични за тој дел на градот, со цел да се намалат ударите и оптоварувањето од ветерот. Сите ризици поврзани со ветерот се особено внимателно вкалкулирани во проектирањето на кулата. „Поминавме доста време работејќи на анализите. Кулата е закривена како на врвот така и на основата, со цел да и помогне на конструкцијата при отпорноста ан ветер, минимизирајќи го неговото влијание“, објаснува Смит.
Навистина , AS + GG посветуваат големо внимание на ефектите од ветерот врз зградите,. Оваа компанија стои и зад проектот Jeddah Tower, т.е кулата која е во изградба со височина од 1.007m. Смит ја проектирал и Burj Khalifа додека работел во компанијата SOM. За да се постигне LEED Platinumсертификација, потребно е објектот 160 Front Street да покаже дека има значајни карактеристики и технологија поврзана со енергетската ефикаснот. Планирано е зградата да го добие и WELL Building Standard, кој го мери вкупното влијание на проектот врз човечкото здравје. Покрај тоа, објектот ќе има зелен покрив и огромна заштеда на вода, бидејќи ќе бидат направени и системи за собирање на дождовница. На проектот на кулата 160 Front Street ќе работи локалната компанија B + H Architects во соработка со компанијата Cadillac Fairview. Сеуште не се знае колкава ќе биде височината на кулата, но од Skyscraper Centra велат деке ќе биде 240m.