Насловна / Вести / Сегмент од јавниот превоз во Истанбул кој е еден од најдобрите во Европа – Bus Rapid Transit Metrobüs

Сегмент од јавниот превоз во Истанбул кој е еден од најдобрите во Европа – Bus Rapid Transit Metrobüs

Istanbul soobrakjaj

Градовите ширум светот се во постојана потрага по поефикасен и поодржлив јавен транспорт. Едно од подобрите решенија, без сомнение, е концептот на брз автобуски превоз (Bus Rapid Transit – BRT), кое веќе има широка примена и во развиените земји и во земјите во развој. Истражувањата покажуваат дека денес BRT може значително да го скрати времето на патување. На пример, корисниците на BTR во Истанбул можат да заштедат дури 28 дена годишно (или 52 минути дневно) доколку ги заменат вообичаените опции на превоз со BRT.

Istanbul soobrakjaj1

Истражувањето спроведено од страна на EMBARQ, под наслов „Социјални, еколошки и економски влијанија на BRT системите“ (Social, environmental and economic impacts of BRT systems) содржи длабински спроведени студии на случај за BRT системите во Богота, Мексико Сити, Јоханесбург и Истанбул. Заклучокот е дека овој концепт го подобрува квалитетот на живот преку следните индикатори: скратување на времето на патување, намалување на емисиите на штетни гасови и цврсти честички, зголемена безбедност во сообраќајот и поголема физичка активност.

Istanbul soobrakjaj2

По својата суштина BRT е автобуски  јавен транспорт  проектиран со цел подобрување на капацитетот и доверливоста споредено со конвенционалниот автобуски превоз. Типично, овој концепт  вклучува посебен дел од улицата резервиран за автобусите и дава приоритет на овој тип на превоз кај сите крстосници односно вкрстувања со другите видови на сообраќај. Со еден збор, BRT системот ги комбинира капацитетот и брзината на метрото, со флексибилноста, ниските трошоци и едноставноста на автобускиот превоз.

Istanbul soobrakjaj3

Првиот ваков систем во светот е направен во Бразил во Куритиба во 1974 година. Денес, најголемиот BRT систем во светот е оној во Џакарта со вкупна должина на линиите од 210 километри.

Istanbul soobrakjaj4

Овој систем се покажал особено успешен  во Истанбул, и со својата ефикасност успева да му овозможи на 15-милионскиот град, кој се гуши во сообраќајниот хаос и дискутабилната сообраќајната култура, да опслужува 800.000 корисници дневно. Системот во Истанбул функционира од 2007 година како уште една компонента на постоечката мултимодална транспортна мрежа на градот.

Istanbul soobrakjaj metro

Истанбулскиот Metrobüs е еден од најкористените и најефикасните  BRT системи во Европа со просечна брзина од 35 km/h. Според податоците од компанијата IETT, која управува со јавниот превоз во Истанбул, секоја година се превенираат најмалку пет фатални несреќи благодарение на поголемата безбедност во сообраќајот кај овој вид транспорт. Metrobüs има добиено т.н „сребрен рејтинг“ (silver rating) за BRT стандард, и прави постојани напори за зголемување на капацитетот, градење на нови коридори и ширење во нови делови на градот.

Istanbul soobrakjaj publikacija

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top