Неодамна е завршен новиот градски блок KPTN во рамките на хамбуршкиот кварт HafenCity. Германската архитектонска компанија blauraum Architekten нашла инспирација за овој проект во историскиот хамбуршки кварт Speicherstadt познат по складиштата.
Проектот го сочинуваат објекти со мешовита намена – пет згради кои со изгледот потсетуваат на тие историски складишта кои ги карактеризираат фасади од опека. Градбите ќе штедат енергија и ќе бидат долгорочно прилагодливи. Со нивоата на потрошувачка на енергија кои се значително пониски од оние кои ги пропишува Германската директива за заштеда на енергија, EnEV 2009, проектот е кандидат за добивање на HafenCity (Gold) сертификат за заштита ан животната средина. KPTN е замислен како „град во град“ и содржи кино, театар, ресторани, барови, хотел, продавници, подземна јавна гаража и 220 станови кои ќе бидат доделени бесплатно, или ќе бидат одобрени субвенции за нивно купување.
И покрај разновидите содржини, овој отворен и флексибилен комплекс претставува единствена целина. Може да се перцепира како модерно, хибридно градско складиште кое одговара на сите променливи барања. Материјалите користени за проектот се одбрани во однос на трајноста и издржливоста, отпорноста на временските услови и сл. Вградени се и иновативни HafenCity прозорци со фиксни соларни импрегнирани компоненти и звучно изолирано застаклување.
Perfektno…. prirodni materijali… a ne ko nasive debili so fasadi sto letaat na site strani i sto ne licat na nisto… muvlsouvaat i se peplosuvaat….
Zatoa.. pa pa Makaronijo