На 27.03.2025 година во просториите на Комора на овластени архитекти и овластени инженери се одржа третиот по ред настан во живо оваа година од серијата активности на тема BIM, работилница „Вовед во Revit Architecture, први чекори во BIM светот“.

Главен предавач беше Илија Лошонц кој е BIM и Проект менаџер во Cadonia Australia, со повеќе од 7 години работно искуство. Како BIM менаџер учествува во организација и следење на процесот за изработка на BIM модел во различни фази на проектот, како и имплементација на BIM стратегии. Веќе 4 години е гостински предавач на Каледониан универзитетот во Глазгов, Шкотска, на предметите за дигитални вештини како што се Revit, AutoCAD, Civil3D и Infraworks.

На оваа работилница, архитектите како и други инженери кои присуствуваа имаа можност да се запознаат со основите на Revit Architecture и неговите предности во модерното проектирање. Преку практични примери и демонстрации, учесниците научија како да креираат 3D модели, како да ги користат параметрите на елементите и да подготвуваат техничка документација. Работилницата беше одлична можност за архитектите кои размислуваат да го вклучат Revit Architecture во нивниот работен процес да се запознаат подетално со него.

Смарт Солушн Македонија во соработка со Комората, беше организатор на овој настан.
