Насловна / Вести / Одржана работилница за отпадот на „Д фестивал“ во Дојран

Одржана работилница за отпадот на „Д фестивал“ во Дојран

D festival Dojran

Во организација на Центарот за климатски промени – Гевгелија, минатиот викенд се одржа работилницата „Отпадот загадувач или ресурс“  во рамките на Д Фестивал – Дојран . И покрај дождот, работилницата беше предизвика внимание кај младите, на кои истата им беше намената. Се разговараше за отпадот што го создаваме секојдневно, за негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, за начинот на кој може да се намали  неговото создавање, а воедно презентирани се  и два одлични филмови кои компаративно го илустрираа  различниот пристап при постапувањето со отпадот во Македонија и развиените држави.

D festival Dojran ekolo

„Време е и ние да почнеме да гледаме ресурс во отпадот што го создаваме. Едуцирањето токму на младите во оваа насока е вистинскиот пристап“ вели Бојана Станојевска Пецуровска, претседател на Центар за климатски промени Скопје.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top