Насловна / Вести / Одржана прва меѓународна конференција за хидроенергија во Македонија

Одржана прва меѓународна конференција за хидроенергија во Македонија

Два дена Северна Македонија беше домаќин на првата Меѓународна конференција за хидроенергија како и на меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода RENEXPO®NMK 2019.

thumbnail3

На конференцијата учесниците говореа за фотоволтаиците, управувањето со цврст отпад, одржливо управување со води и отпадни води. Исто така, учесниците дадоа објаснување и за визиите, потенцијалите и развојот на пазарот на хидроенергија. На Конференцијата беа објаснети и правните состојби, одобрувања, стандарди и регулативи потребни за изградба на мали хидроелектрани во Македонија, а беа пренесени и најдобрите практики и примери. Експертите од Македонија и од странство дадоа објаснување за енергетски ефикасните системи што се применети, како и за бенефитите што може да се добијат од нив. Организатор на настанот беше Enterprise Europe Network во Македонија.

thumbnail4

Во рамки на саемот, пак, беа одржани повеќе тркалезни маси на теми поврзани со енергетската ефикасност, а изложени беа и иновативни решенија на компании од секторот. Исто така, се организираа и б2б средби за вмрежување на компании.

thumbnail

thumbnail1

thumbnail2

Испрати коментар

Scroll To Top