Европската Унија и одобри на Шпанија да потроши 2,13 милијарди евра за затворање на 26 рудници за јаглен до 2018та година. Шпанската влада мора да ги покрие загубите од непрофитабилните рудници, да им обезбеди финансиска помош на работниците во вид на отпремнини и социјални давачки, како и да обезбеди сигурност во финансирањето и други активности по затворањето на рудниците.
Европската Комисија, која одобрува државна помош доколку не се нарушува принципот на конкуренција, и даде зелено светло на Шпанија за затворање на рудниците што предизвика големи протести на шпанските рудари. Според проценките на Европската Комисија, јагленот се користи за производтво на 25% од вкупната проеиведена електрична енергија во ЕУ. Официјален Брисел се обидува драстично да ги намали емисиите на CO2, при што термоцентралите на јаглен се први на удар.